X
 22.10.2024 Наука

Лекарите откриваат нова медицинска состојба уникатна за брејкденс-танчерите

За многумина „Коунхедс“ е иконски филм од 90-тите. Но, за брејкденсерите, се чини, развојот на главата во облик на конус може да биде професионална деформација.

Според медицински извештај од 2024 година, брејкденсер кој настапувал 19 години, бил лекуван од „дупка во главата“, предизвикана од вртење - состојба што е уникатна за брејкденсерите. Подразбира конусна маса која се развива на врвот на скалпот на главата, по повторувачко вртење со истата. Дополнителни симптоми може да вклучуваат губење на косата, а понекогаш и болка околу создадената грутка.

Приближно 30 проценти од брејкденсерите пријавуваат губење на косата и воспаление на нивниот скалп од вртењето на главата. Состојбата е предизвикана од обидот на телото да се заштити. Повторената траума од вртењето на главата предизвикува епикранијална апонеуроза - слој на сврзно ткиво слично на тетива, кој се протега од задниот дел на главата кон напред, па се згуснува заедно со слојот маснотии под кожата на врвот на главата, во обид да се заштитат коските на черепот од повреда.

Телото предизвикува слична заштитна реакција од триењето на рацете и нозете, каде што се формираат калуси за да го шират притисокот и да ги заштитат основните ткива од оштетување. Секојдневните повторливи активности, како држење паметни телефони или големи тежини на пример, може да резултираат со калуси.

Но, главата во форма на конус не е единствената повреда на која се склони брејкденсерите. Вообичаени проблеми може да вклучуваат повреди на рачниот зглоб, коленото, колкот, глуждот, стапалото и лактот, а потезите како што се „ветерницата“ и „назадниот спин“ може да предизвикаат бурзитис - воспаление на вреќичките исполнети со течност што ги штитат пршлените на 'рбетот.

Може да настанат и други повреди. Еден танчер го скршил вратот, но за немал поголеми компликации. Украинската брејкденсерка Ана Пономаренко, на пример, доживеала притиснати нерви што ја оставило парализирана. Но, Пономаренко се опоравила за да ја претставува својата земја на Олимпијадата во Париз 2024 година.

Како и со другите спортови, не е изненадувачки да се слушне дека употребата на заштитна опрема резултира со намалување на повредите при брејкденс. Но, брејкденсерите не се единствените кои развиваат глави во форма на конус.
Новороденчиња

Некои бебиња се раѓаат со конусна глава откако нивниот сè уште мек череп е притиснат за време на патувањето низ вагиналниот канал и мускулните контракции на мајчината матка. Таквата форма на глава може да биде предизвикана и од „капут секундум“, кога течност се собира под кожата, над коските на черепот. Обично, оваа состојба се решава сама по себе во рок од неколку дена.

Породувањето со помош на вакуум, исто така, може да резултира со позначајна грутка и модринки наречени цефалохематом, каде што крвните садови во коските на черепот пукаат. Ова е двојно почеста појава кај момчињата отколку кај девојчињата и се решава во рок од две недели до шест месеци.

Некои деца може да имаат и „конусна глава“ поради краниосиностоза, која се јавува кај околу едно на секои 2.000-2.500 живородени деца. Черепите на новороденчињата се составени од многу мали коскени плочи кои не се споени заедно, што му овозможува на мозокот на бебињата да расте без ограничувања. Вообичаено, штом мозокот ќе достигне побавно темпо на раст што коските можат да го издржат, плочите се спојуваат. Кај краниосиностозата, плочите се спојуваат премногу рано, создавајќи различно обликувани глави. Операцијата може да спречи ограничување на растот на мозокот, но обично е непотребна ако кај детето не е идентификувано некоја од наведените состојби.

Извор: sciencealert.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука