X
 27.09.2022 Образование

Проработи страницата на МОН

По повеќе од две недели нефункционалност, денеска страницата на Министерството за образование и наука се врати во живот.

Сепак, треба да се напомене дека за да стасате до страницата, треба да се согласите да одите на небезбедна страница, па потоа да можете да ги читате новостите од Министерството.

Имено, откако во пребарувачот ќе ја напишете адресата, односно mon.gov.mk, ќе бидете предупредени дека страницата која сакате да ја посетите е ризична.


Ако притиснете на „advanced“, ќе можете да се согласите да го преземете ризикот и да одите на страницата.



Страницата моментално изгледа како да е во фаза на изработка.

Од МОН за Факултети.мк минатата недела изјавија страницата ќе се префрли на нова платформа која ќе биде побезбедна.

Веб-страницата на МОН не беше во функција од 10 септември, кога беше нападната од грчки хакери.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование