Кина ја проширува политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Македонија, соопшти денеска кинеското министерство за надворешни работи.
Од 30 ноември, политиката за ослободување од визи ќе се применува за обичните носители на пасоши од Македонија, Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија, соопшти портпаролот на кинеското МНР.
Кина ќе го продолжи и периодот на безвизен престој од сегашните 15 на 30 дена, пренесе кинеската државна телевизија.