X
 23.01.2019 Економија

26. најбогати луѓе во светот имаат богатство колку половина од светското население заедно

Извештајот на „Оксфам“ покажува дека помеѓу 2017 и 2018 година на секои два дена се создавал нов милијардер.

Зголемената концентрација на светското богатство е истакната со извештај што покажува дека 26 најбогати милијардери поседуваат исто толку средства колку 3,8 милијарди луѓе што ја сочинуваат најсиромашната половина од населението на планетата.

Во годишна проверка на богатството, објавена за одбележувањето на почетокот на Светскиот економски форум во Давос, развојната добротворна организација „Оксфам“ изјави дека 2018 година беше година во која богатите станаа побогати, а сиромашните посиромашни.

Извештајот вели дека потрошувачкиот јаз ја попречува борбата против сиромаштијата, додавајќи дека данокот на богатство од 1 отсто ќе се зголеми за околу 418 милијарди долари годишно - доволно за да се едуцира секое дете што не оди на училиште и да се обезбеди здравствена заштита, што ќе спречи 3 милиони смртни случаи.

bogatstvo
Фото: Getty Images


Од „Оксфам“ велат дека богатството од повеќе од 2.200 милијардери низ целиот свет се зголемило за 900 милијарди долари во 2018 година или 2,5 милијарди долари дневно. Како резултат на тоа, во извештајот се заклучува дека бројот на милијардери што поседуваат богатство колку половина од светското население се намалил од 43 во 2017 на 26 минатата година.

Меѓу другите наоди од извештајот се и:

- Во 10 години од финансиската криза бројот на милијардери речиси двојно се зголеми.

- Помеѓу 2017 и 2018 година на секои два дена се создавал нов милијардер.

- Најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, сопственик на „Амазон“, го зголемил својот богатство на 112 милијарди долари. Само 1 отсто од неговото богатство е еквивалентен на целиот буџет на здравство на Етиопија, земја од 105 милиони луѓе.

- Најсиромашните 10 отсто од Британците плаќаат повисока ефективна даночна стапка од најбогатите 10 отсто откако ќе се земат предвид даноците за потрошувачка, како што е ДДВ.

- Масовниот пад на бројот на луѓе што живеат во екстремна сиромаштија е едно од најголемите достигнувања во минатиот квартал од векот, но зголемената нееднаквост го загрозува понатамошниот напредок - вели директорот за кампања и политика на „Оксфам“.

- Начинот на кој се организирани нашите економии значи дека богатството е сѐ повеќе и понеправедно концентрирано меѓу неколку привилегирани, додека милиони луѓе едвај опстојуваат. Жените умираат поради недостиг на медицинска грижа во текот на бременоста, а на нивните деца им се забранува образование, што би можело да биде единствениот начин за извлекување од сиромаштијата. Никој не треба да биде осуден на прерана смрт или неписменост само затоа што е роден сиромашен. Не мора да биде вака - има доволно богатство во светот за секому да му се обезбеди фер шанса во животот. Владите треба да дејствуваат за да обезбедат даноци од богатствата и бизнисите што ќе плаќаат фер удел и ќе се користат за финансирање бесплатни, квалитетни, јавни услуги што ќе ги спасат и трансформираат животите на луѓето - вели Спенсер.

Во извештајот се наведува дека многу влади ја влошуваат нееднаквоста со тоа што не успеваат доволно да инвестираат во јавните услуги. Околу 10.000 луѓе дневно умираат поради недостиг на здравствена заштита и 262 милиони деца не одат на училиште, често поради тоа што родителите не можат да си дозволат школарина, униформи или учебници.

„Оксфам“ укажува дека владите треба да направат повеќе за финансирање на висококвалитетни, универзални јавни услуги преку поефикасно справување со затајување данок и обезбедување поправедно оданочување, вклучувајќи го и богатството на корпорациите и поединците.

Брзиот раст на Кина во текот на изминатите четири децении е одговорен за голем дел од намалувањето на екстремната сиромаштија, но „Оксфам“  вели дека податоците на Светската банка покажуваат дека стапката на намалување на сиромаштијата се намалила од 2013 година. Во Супсахарска Африка екстремната сиромаштија е во пораст.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија