Библиотекар од Универзитетот Њу Хемпшир ја остава својата заштеда на институцијата во која работел 50 години. Станува збор за 4 милиони долари.
Скоро половина век Роберт Морин работел во библиотеката на универзитетот. Починал на 77 години и на изненадување на многумина, своето мало богатство го оставил за универзитетот.
Парите ги заштедил работејќи во библиотеката. Кога не работел, Морин обожавал да чита и да гледа филмови. Никогаш не излегувал со друштво, возел стар автомобил и јадел замрзната храна, заради што и собрал милиони.
Од универзитетот посочиле дека гестот на Морин е многу инспиративен и дека парите што им ги оставил ќе бидат наменети за потребите на студентите на универзитетот. На барање на Морин, дел од парите ќе се искористат за реновирање на библиотеката.