Кратер во Западна Австралија бил формиран од удар на метеор пред повеќе од 2,2 милијарди години. Денес тоа е најстарото место каде што удрил метеор, покажува ново истражување.
Истражувањето успеало да открие кога бил направен кратерот Јарабуба - пред 2,229 милијарди години, што значи дека е 200 милиони години постар од кое било слично место познато на Земјата.
Научниците долго време се сомневале дека Јарабуба бил стар неколку милијарди години.
Откривањето на староста на античките кратери воопшто не е лесно: местата обично се слабо зачувани затоа што ерозијата и тектонските поместувања, како земјотресите, прогресивно ги избришале. Дури и кога кратерите сè уште се присутни, одредувањето на нивната возраст и понатаму е комплексно.
Фото: AFP
За точно да одреди колку е стар Јарабуба, тимот ловел докази за „рекристализација на шок“ во минералите на самата локација - во суштина онаму каде што масовниот удар на метеорот ја променил структурата на материјалите, вклучувајќи цирок и моназит.
Во минатото биле пронајдени парчиња исфрлени од ударите за кои се сметало дека се стари повеќе од 2 милијарди години, во делови од Австралија и од Африка. Но кратерите од кои овие парчиња излегувале не можеле да се идентификуваат.
Сега научниците велат дека точно ја одредиле возраста на кратерот Јарабуба - пред 2,2929 години. Во тоа време, во истиот регион се формирале глечери, а Земјата во голема мера била покриена со мраз. Симулациите посочуваат дека ако метеоритот што го создал кратерот удрил во континентален мраз, околу 5.000 билиони килограми водена пареа ќе се кренеле во атмосферата. Ова би можело суштински да ја промени климата на Земјата, забележуваат научниците. Може дури и да создаде ефект на стаклена градина, ставајќи му крај на период познат како „снежна Земја“ кога површината на нашата Земја била прекриена со слој мраз.
- Сега знаеме дека кратерот Јарабуба бил направен токму пред крајот на периодот „снежна Земја“ - период кога атмосферата и океаните се развивале и станувале повеќе кислородни - се вели во
истражувањето.