X
 28.05.2016 Наука

Дали времето ќе започне различно да се пресметува?

Должината на траењето на една секунда скоро 50 години е дефинирана на еден начин, но тоа наскоро би можело да се промени.

 

време


Истражувачите во Германија веруваат дека го направиле најточниот часовник некогаш создаден. Тие тврдат дека овој часовник е толку точен што доколку го мери времето од моментот на настанувањето на Биг Бенг, досега би изгубил само 100 секунди.

Иако промената во прецизноста луѓето нема да ја забележат, таа може да биде важна за GPS навигацијата, далноводите и компјутеризираните финансиски мрежи.

Од 1967 година Меѓународниот систем на мерни единици ја дефинира секундата како 9.192.631,770 циклуси на зрачење кои одговараат на размената помеѓу две енергетски нивоа на атомот на цезиум атоми 133.

Сепак, цезиум атомите или го забавуваат или го забрзуваат движењето на наносекунди на секои 30 дена.

Истражувањето го опишува часовникот кој за мерење користи атоми стронциум, отчукува многу побрзо и тоа го прави во оптичкиот дел на спектарот, а не во микробрановиот дел

Во тој случај за секундата да биде дефинирана како 429 илјади милијарди циклуси на радијација кои одговараат на размената помеѓу две нивоа на енергија на стронциум атоми.

Ваквиот метод на пресметување на траењето на секундата би ја намалило можноста за грешки на помалку од 0.2 наносекунди за 25 дена, велат научниците.

„Нашето истражување е пресвртница во однос на практичната примена на часовниците“, вели Д-р Кристијан Гребинг, кој работел на овој часовник.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука