Како се финансира Грета Тунберг? Колкаво е нејзиното богатство? Ова се некои прашања кои јавноста често ги поставува.
Оваа еколошка активистка не престанува да се појавува во медиумите откако како тинејџерка тргна во јавна борба против властите за заштита на околината. Таа започна со организирање на таканаречени климатски штрајкови кои денес се одржуваат насекаде низ светот.
Кој ја издржува?
Денес оваа Швеѓанка има 20 години, а додека не наполнила 18 години, ја издржувале нејзините родители. Нејзината мајка е оперска пејачка, а нејзиниот татко е актер, иако сега најчесто работи со својата ќерка. Според пишувања во медиумите, родителите на Грета првично биле против нејзиниот еколошки активизам, но се вклучиле во него кога виделе дека нејзините дела постигнуваат резултати.
Во 2020 г. тие објавиле книга, а сите приходи биле донирани во добротворни цели. Во 2019 година Грета објаснила дека нејзините родители ги плаќаат картите за патување и сместувањето за нејзините патувања.
- Не сум дел од никаква организација. Понекогаш поддржувам и соработувам со неколку невладини организации кои работат за климата и околината, но јас сум апсолутно независна и се претставувам сама себе. И тоа што го работам, го правам сосема бесплатно, не сум добила никакви пари, ниту какви било ветувања за идни плаќања во каков било облик - посочила таа.
Колкава е нејзината нето-вредност?
Некои веб-страници ја процениле нето-вредноста на Грета Тунберг на околу 1 милион долари, но други ја проценуваат на 100.000 долари. Таа ги донира сите пари што ги заработува од своите книги и освоените еколошки награди.
Што прави со своите пари?
Таа е добитник на наградата „Рајд лајвлихуд“, која изнесува 103.000 долари, а според американските медиуми, таа ги искористила овие пари за основање непрофитна фондација која поттикнува еколошка и општествена одржливост. Нејзината фондација се занимава и со проблеми со менталното здравје. Нејзиниот план е фондацијата да остане непрофитна и транспарентна.
Како заработува?
Минатата година глобалниот медиум „Индепендент“ известил дека единствениот приход на Грета е стипендијата што ја добила за да студира. Таа не се запишала на факултет, па се претпоставува дека ги задржала овие пари. Освен тоа, таа заработува малку пари за својата работа на книгите, како за превод од англиски на шведски јазик.
Извор:
Green
Насловна фотографија:
Facebook