X
 23.02.2017 Здравје

Најдобрата вежба за цврстина и добро држење на телото

Ако барате ефикасна вежба со која ќе ги зацврстите стомачните мускули и ќе го подобрите држењето на телото, вежбата ‘штица’ е вистинската за Вас.

Кога се мисли на основните мускули трупот, освен абдоминалните, тука спаѓаат и мускулите на долниот дел од ‘рбетот, задникот и колковите.

Како да направите вежба – штица?

Оваа вежба помага во зацврснувањето токму на овие мускули, а ќе го подобрите балансот, телесното држење и целокупниот изглед. Потребно е да застанете спротивно од подот, а телото да Ви биде подигнато. Треба да формирате права линија со лактите веднаш под рамената. Стегнете ги задните и абдоминалните мускули, но дишете нормално. Ако сте почетник почнете со 20-30 секунди во серии од по 10 секунди. Целта нека Ви бидат 50 секунди. Внимавајте да не ја спуштате главата, рамената и колковите.


Фото: Pixabay

Кога ги вежбате овие мускули значително се подобрува држењето на телото. Освен вежбата, обидете се да имате исправено држење, држете ја главата нагоре или носете и дополнителен појас.

Ако имате болка во долниот дел на ‘рбетот, тоа е сигурен знак дека овие мускули Ви се слаби, а исто така и ако не можете да одржите баланс значи дека треба да преземете чекори.
Пробајте со 10 секунди на ден и зголемувајте го времетраењето до 50. Ќе забележите значителни резултати.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје