X
 23.02.2024 Живот

Професионалните возачи ќе вадат пасоши на брза лента

На сите транспортери и превозници кои вршат транспортна дејност и поседуваат сертификати за професионални возачи, во следниот период им се овозможува по брза лента да можат да ги заменат своите патни документи, истакна денеска во Штип министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Благој Бочварски, кој имаше средба со претставниците на транспортните фирми во источниот регион.

Тој посочи дека оваа мерка беше договорена по барање на Министерството за транспорт и врски и здруженијата и асоцијациите на транспортери и превозници на Република Северна Македонија, а во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Бочварски посочи дека во однос на дозволите, лиценците и изводите од лиценци, Министерството за транспорт и врски навреме ги замени сите документи што им се потребни на домашните транспортери за непречено одвивање на меѓународниот транспорт.

Во моментов околу 200 возачи имаат потреба од итна постапка за патни исправи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот