Во Србија недостигаат околу 2.000 возачи на автобуси и 6.000 возачи на камиони. Меѓутоа, и Европа има сличен проблем, па се очекува проблемот да се влоши и во Србија. Уште отсега се чувствува дека во Србија нема возачи, дури и кога се вика такси.
Во најголем број такси-здруженија во Ниш се работи двократно поради недостигот на возачи за, како што велат тие, солидна плата. Од такси-компаниите велат дека во секој момент имаат возачи кои планираат да си заминат затоа што се на обука за возење камион. Поради законските ограничувања, во Ниш моментално нема ни еден невработен таксист, па на сопствениците на такси-компании им се препорачува да си увезат работници и тоа станува сè поверојатно.
Во меѓувреме, со недостигот на возачи се соочуваат и поголемите компании што се занимаваат со меѓуградски сообраќај.
Погледнете ја сторијата на „Дојче веле“.