X
 14.01.2021 Живот

Укинување на негативните поени, трајно одземање на возачката дозвола... Ова се новините во Законот за безбедност на сообраќајот

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и секој друг закон, е жива материја и постојано се менува и дополнува согласно новонастанатите услови и утврдените фактички состојби и потреби при неговата секојдневна примена.

Со цел информирање на учесниците во сообраќајот, РСБСП излезе со појаснување на најновите измени на ЗБСП кои веќе стапија во сила.
Во прв план, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци, со што во голем дел се намалува висината на предвидените парични санкции за сторен сообраќаен прекршок. Притоа, важно е да се потенцира дека за оние сообраќајни прекршоци што спаѓаат во групата на животозагрозувачки (возење под дејство на алкохол, непочитување на правилата за ограничување на брзината итн.) висината на предвидените парични санкции за сторен прекршок останува непроменета.
Согласно тоа, освен наведените прекршоци дефинирани како животозагрозувачки, за останатите прекршоци највисока парична санкција за физичко лице за сторен сообраќаен прекршок изнесува 250 евра во денарска противвредност.

Новина во делот на санкционирањето е и тоа што се укинуваат таканаречените „негативни поени“ кои досега се впишуваа како замена за изречена парична санкција за сторен сообраќаен прекршок.

Друга новина во ЗБСП е тоа што возрасната граница за издавање возачки дозволи изнесува 75 години, наместо 70 како што беше досега, со тоа што возач на моторно возило кој наполнил 75 години возраст задолжително подлежи на контролен здравствен преглед во временски интервали кои не можат да бидат подолги од пет години.



Исто така, Законот предвидува и можност за одземање на возилото до 90 дена.
Според измените на ЗБСП, полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена.
Доколку биде утврдена техничка неисправност на возилото, која се однесува на предизвикување голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена.

Друга важна новина е тоа што според измените на ЗБСП, доколку возачот во период од една година откако му е изречена санкција - забрана за управување на моторно возило од определена категорија, стори друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција - забрана на управување со моторно возило, тогаш ќе му биде изречена прекршочна санкција - престанок на важење на возачката дозвола за истата категоријата за која му била изречена прекршочната санкција – забрана за управување.
Со други зборови доколку еден возач за иста категорија на возачка дозвола за период од една година од изрекувањето на првата санкција стори друг прекршок за кој е предвидена санкција забрана за управување на моторно возило, тогаш на тој возач трајно му се одзема возачката дозвола за таа категорија.

Потсетување дека санкцијата забрана за управување на моторно возило се однесува за сторени потешки сообраќајни прекршоци – возење под дејство на алкохол и психотропни супстанции, возење во населено место со брзина поголема од 30 километри на час над дозволената итн.

Нови правила за е-тротинети: Задолжителна кацига, рефлектирачки елек од мрак до разденување, возење само на велосипедска патека или тротоар

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот