X
 23.03.2020 Технологија

Пандемија на коронавирус, напредна технологија и шетање куче

Бидејќи сѐ повеќе делови од светот се во целосна или делумна изолација поради пандемијата на коронавирусот, многу луѓе не се сигурни кои и дали воопшто се дозволени прошетки надвор.

Еден човек од Кипар решил да го искористи својот дрон за да провери дали неговиот миленик, кучето, може да се движи без тој да го шета. Тој го закачил ременот на кучето за дронот подалеку од перките за да не се заплеткаат и почнал да го шета миленикот од далечина. Сепак, на снимката може да се види дека кучето го диктира шетањето (а и некој снима и оди пред него, така што не сме сигурни колкава е таа далечина).

Снимката, колку и да е забавна, посочува на поголемите грижи што ги имаат луѓето додека пандемијата продолжува - дали социјалното дистанцирање (за кое од СЗО сега сугерираат да се нарекува физичко дистанцирање) навистина значи дека луѓето воопшто не треба да излегуваат надвор?

Одговорот, како што изгледа во повеќето области сега, изгледа е не. Експертите велат дека прошетките надвор се во ред и овој човек можел да излезе и да шета со своето куче сѐ додека внимава и одржува хигиена пред и по шетањето.

Сепак, технолошката помош не треба да се исфрли.


Извор: Futurism
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија