X
 23.03.2021 Живот

ВИТАНА – затоа што храната е лекот

Водени од идеалот да го дадеме нашиот личен придонес кон подобрување на здравјето на луѓето, во услови на глобални здравствени предизвици предизвикани од ковид-пандемијата, одлучивме да ја основаме ВИТАНА.


Нашата цел е да понудиме природна, органска и нутритивна храна наменета за сите оние што сакаат да инвестираат во зачувувањето на своето најголемо богатство - здравјето.

Производите на ВИТАНА се внимателно одбрани, висококвалитетни, произведени од реномирани одгледувачи од локалната заедница и целиот свет.

Со цел да ги задоволиме различните потреби и преференции на потрошувачите, производите се поделени на повеќе категории: без ГМО, органски, без глутен и вегански производи.




Активно работиме на проширување на нашето портфолио и на наше огромно задоволство, за брзо време ќе ја израдуваме најмладата популација со бренд наменет за најмилите, како и зголемување на понудата на производи за сите генерации, за што навремено ќе информираме на нашите профили на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

Како сертифицирана компанија за органска храна на МК и ЕУ-пазарот, станавме дел од глобална мрежа на компании кои ги нудат своите производи под брендот органско за сите производи што го задоволуваат условот за органско потекло и производство на суровината и специјално третирање на готовиот производ сè до крајниот купувач.



Производите се наменети за продажба во целиот свет, а кај нас се достапни преку е-продавницата на ВИТАНА која овозможува 24/7 пристап, безбедно тргување и достава до сите населени места во Македонија. Доставата е бесплатна за нарачки над 2.000 денари.



Нашите без ГМО премиум бел и интегрален ориз можете да го најдете во маркетите „Веро“ во Скопје, Битола и во Тетово, а целокупното портфолио на производи можете да го најдете во повеќе продавници за здрава храна низ државата.



Постојано се консултираме со експерти во областа на исхраната и се едуцираме со цел на потрошувачите да им ги пренесеме најновите трендови, информации и совети во делот на здравата храна. Истите се достапни на нашиот блог, и официјалните „Фејсбук“ и „Инстаграм“ профили на компанијата.

Храната игра значајна улога во подобрување на квалитетот на животот, а на дневно ниво ни ја дава неопходната енергија за активен живот. Правилното користење на храната влијае врз одржувањето на оптималното ниво на телесна тежина, ја подобрува реакцијата на организмот на секојдневниот стрес и е најважен фактор за превенција на појавување хронични заболувања: дијабетес, малигни заболувања, висок крвен притисок.

Да изгледате и да се чувствувате прекрасно не е привилегија, туку избор!

Изберете здрава храна, изберете ВИТАНА.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот