Помладиот брат на Илон Маск, Кимбал Маск, со години беше во сенка, но сега за него се зборува доста интензивно.
Тој е канадско-американски угостителски претприемач и готвач, сопственик на „Кичен ресторан груп“, компанија поврзана со голем број ресторани лоцирани во Колорадо, Чикаго и Индијанополис.
И додека постариот Маск ниже успеси во светот на електричните автомобили и ги поместува границите во вселената, Кимбал повеќе е посветен на готвењето, а исто така е и филантроп кој е прогласен за глобален социјален претприемач од страна на Светскиот економски форум.
Но, и Кимбал е во одборот на „Тесла“ и „Спејс екс“, а неговата лична мисија е да ја поттикне и да инвестира во следната генерација страсни претприемачи во областа на храната да одгледуваат вистинска, нутритивно богата храна.
Групацијата со која раководи е составена од неколку ресторани фокусирани на топло, искрено гостопримство во кое се служи храна со највисок квалитет, која е внимателно осмислена и комплексно направена, но едноставна, сезонска и локална секогаш кога е можно, стои во описот.
„Биг грин“, чиј коосновач е помладиот Маск, е национална непрофитна организација посветена на создавање здрави места каде што децата можат да учат и да растат. Организацијата инвестира во заедниците за да подигне здрави семејства и деца преку средини за учење на отворено, градинарство и разни програми.
Урбаната фармерска компанија на „Кимбал“, „Сквер рутс“, одгледува свежи локални растенија во контејнери за транспорт со контролирана клима, со мисија да им донесе вистинска храна на луѓето во градовите низ светот преку зајакнување на следната генерација фармери.
Според „Форбс“, Илон Маск има нето-богатство од 219,8 милијарди долари, додека неговиот брат Кимбал „тежи“ околу 700 милиони долари. Тие имаат и сестра, 48-годишната Тоска, која е режисерка. Тоска го опишува нејзиниот брат Кимбал како напредна личност меѓу човечката раса, со намера да го реши проблемот со дебелината во Америка.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото:
Instagram