X
 17.01.2019 Живот

Необичен белгиски супермаркет работи без профит

Неодамна во Брисел се појави необичен супермаркет. Станува збор за кооперативна продавница чии членови се соседи што живеат во истата област. Тие сами одлучуваат кои производи да ги купат, а потоа ги продаваат со минимум маржа. Истите овие луѓе се менуваат работејќи како касиери, пакувачи и испорачувачи.



Продавницата се нарекува „БИС Куп“, а била создадена за да докаже дека луѓето можат да ги изберат производите што сакаат да ги консумираат без да мора да платат плус пари за нив. Основачите на продавницата создадоа нов модел на продажба и водечки бизнис каде што кој било учесник може да стане сопственик, продавач и купувач.

View this post on Instagram

Venez ! #beescoop #ouverture #bruxelles

A post shared by Olivier Jottard (@olivier_jottard) on


Моделот го нарекуваат „кооперативен и учеснички“. Која било личност што ќе се претплати на супермаркетот станува учесник и ќе биде дел од донесувањето одлуки, одржување и решавање на други важни задачи, и се обврзува на 3 часа или повеќе работа во супермаркетот на неделно ниво. Овој модел помага во намалувањето на трошоците за работници и со тоа цените остануваат ниски.



Самите учесници избираат за нив погодно време кога можат да помагаат во супермаркетот. Ако денес отишле во супермаркетот како клиенти за да купат производи, утре ќе станат касиери или пакувачи за другите клиенти.




Главната придобивка што личноста ја добива од овој вид систем е тоа што ќе стане клиент во супермаркетот. Супермаркетот е отворен само за учесниците и овозможува производи од висок квалитет за ниска цена. „БИС Куп“ не добива никаков профит од неговата работа и главно целта на супермаркетот е обезбедување висок квалитет и економичност.



Учесниците сами ги избираат добавувачите на производите според нивните лични критериуми. Со тоа, главниот фокус е на квалитетот, а не на профитот, за разлика од конвенционалните супермаркети.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот