X
 13.09.2016 Живот

Нутриционистот Цвета Динева ги советува младите: Хамбургер ќе ве заспие, лимонада со мед ќе ви даде сила да учите

Ако треба да учите за испит или тест заборавете дека кафето и мрсен сендвич со шунка и кашкавал или пак чоколадо ќе ви даде енергија и сила за да може да останете будни цела ноќ. Храна која ќе ви влијае позитивно на меморијата и ќе ви помогне посупешно да го научите материјалот е свеж зеленчук и овошје. Наместо хамбургер, секои два часа пијте свежа лимонада, наместо чоколадо направете шејк од банана,спанаќ и семиња. Ова се само дел од советите на нутриционистката Цвета Динева од „ЦД Диет клуб“, која за Факулети.мк откри и која е најдобра храна за студентите и учениците.


- Ова се веќе изградени личности и треба да знаат дека сите првенствено мора да развијат нешто што се нарекува хигиена на исхрана. Треба да се свестиме дека секој ден мора да го чистиме телото од отровите. Секое заостанато отровче од вчерашниот ден стои во организмот и прави деструкција - ментална, емотивна, физичка. Ние правиме хигиена на телото од надвор, миеме заби, се бањаме, но мора хигиена и одвнатре. Манифестација на таа хигиена е редовна столица и мокрење, убаво потење и убаво дишење, кај девојките редовен циклус. За да биде тоа на дневно ниво така, мора да го потрепуваме процесот на чистење на телото. Мораме денот да го почнеме со вода и свежо овошје. Овошјето истовремено е и комунална хигиена и добавувач на чиста висока енергија, ментална и физичка - вели Динева.

Таа потенцира дека најважна за ментална и физичка енергија која им е најпотребна на младите е свежата храна.

- Ако секој студент го почне денот со овошје, вода и јаткасти плодови, ќе има енергија за сè. Нека јадат и хамбургер, ама задолжително со салата. И секако не секој ден. Од овошјето нешто што е прекрасно како храна за мозокот е бананата. Па, нели и оревот личи на мозок. Бадемот не личи на мозок, но таа негова форма е иста како еден дел од мозокот. Јаткастите плодови се добри за мозокот. Студентите или учениците кои учат ноќно време треба да заборават дека кафето е тоа што ќе ги држи будни, а чоколадото ќе им даде енергија. Мој совет е да пијат цедени сокови со висока доза на Ц витамин. Лимон цеден со мед на секои два часа е најдобро додека се учи. Малтексот е добар за нервоза зашто има многу Б витамин. Добри се и смути од овошје и зеленчук и секако урми, суво овошје - потенцира Динева.

Дали сте завележале дека после тесто или обилен хамбургер ви се спие? Динева објаснува зошто е тоа така:

- За нашиот организам да го свари тоа месо или млечен производ, изискува многу голема енергија. За да ги произведе желудочните киселини го истоштува телото. Па, хамбургер со бел леб и компири ќе ве заспие, и нема да може да учите. Два три дена да се стават сите студенти и млади на жива храна ќе имаат многу повеќе енергија, ќе летаат - вели Динева.
Подготвил: М.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот