X
 23.05.2019 Култура

Жителите на оваа земја сѐ уште не го гледале крајот на „Игра на троновите“

Последната епизода од „Игра на троновите“ беше емитувана во неделата, но серијата сè уште не е завршена за жителите на една земја.

„Тенсент видео“, платформа што ги има правата за сериите на Ејч-би-о во Кина, не ја емитувала последната епизода. Наместо тоа, на корисниците им била прикажана порака дека серијата не е достапна поради проблеми со пренесувањето на медиумот, иако Ејч-би-о верува дека тоа е последица од трговскиот конфликт помеѓу САД и Кина.

Додека од „Тенсент видео“ тврдат дека поради технички проблем биле спречени да ја емитуваат епизодата, Ејч-би-о го негира ова тврдење велејќи дека немало никаков проблем со пренесувањето на содржината. Портпаролот на Ејч-би-о изјави дека на „Тенсент“ му е ограничена можноста за емитување на последната епизода од страна на кинеските власти поради трговските тензии.

Администрацијата на Трамп речиси една година води трговска војна против Кина. Ситуацијата ескалира минатата недела кога претседателот потпиша нов извршен налог за ефективна забрана за продажба и употреба на производи од кинеските телекомуникациски компании. Компаниите како „Интел“, „Куалком“ и „Гугл“ ја прекинаа соработката со кинеските фирми како резултат на црната листа. Администрацијата на Трамп наводно размислува за омекнување на ограничувањата за да се спречи прекин на услугата за некои мрежи што користат кинеска опрема.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура