X
 17.09.2020 Образование

Бесплатен онлајн-курс за пандемијата од Технолошкиот институт во Масачусетс

Повеќето од нас ги користат термините „коронавирус“ и „Ковид-19“ за пандемијата годинава. Знаеме дека првиот збор се однесува на вирус, а вториот на болеста предизвикана од вирусот. Но дали го знаеме целото име на вирусот?

Ова и други прашања се одговараат во онлајн-курсот „Ковид-19, САРС-КоВ-2 и пандемијата“ на Технолошкиот институт во Масачусетс. Курсот е бесплатен, а како предавачи се појавуваат многу експерти од областа, меѓу кои и Антони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести во САД.

Курсот почна месецов и ќе трае до 8 декември, а предавањата се објавуваат на „Јутјуб“, односно во листата овде.


Извор: openculture.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование