Антоан де Сент-Егзипери бил роден во француско благородничко семејство. Имал среќно детство и мечтаел да стане пилот. Во 1921 година поминал воена служба и станал пилот. Во меѓувреме почнал да пишува и да ги објавува своите дела инспирирани од неговите искуства како авијатичар.
Во 1932 година се посветува на пишувањето и новинарството, особено на поголеми репортажи. Неговото најпознато дело „Малиот принц“ било напишано во Њујорк во текот на војната. Било објавено во 1943 година во Њујорк, заедно со неговите лични цртежи, а во 1946 година во Франција. Оваа книга напишана за возрасните што заборавиле дека некогаш биле деца набргу постигнала огромен светски успех.
Во продолжение ви пренесуваме дел од неговите мудрости:
- Кога се даваш себеси, добиваш повеќе отколку што даваш.
- Познавам само една слобода, а тоа е слободата на умот.
- Каменот престанува да биде камен во оној момент кога човекот размислува за него и во него гледа слика од катедрала.
- Она што пустината ја прави убава е фактот дека некаде крие извор.
- Во задоволството на авантурата и победата човек наоѓа вистинска среќа.
- Само со срцето можете да гледате вистински. Она што е суштинско важно е невидливо за окото.
- Да се биде човек, значи да се биде одговорен.
- Цел без план е само желба.
- Љубовта не е да гледате еден во друг, туку да гледате во истата насока.
- Толку тајно место е земјата на солзите.
- Јазикот е изворот на недоразбирањата.
- Она што го спасува еден човек е правењето чекор. Потоа уште еден чекор. Секогаш истиот чекор, но мора да го направиш.
- Секоја личност што влегува во
нашите животи доаѓа со причина; некои доаѓаат да научат, други доаѓаат да ве научат.
- Вистинската љубов почнува онаму каде ништо не се очекува за возврат.
- Не е наше да ја предвидуваме иднината, туку да ја обликуваме.
- Значењето на нештата не лежи во самите нешта, туку во нашиот став кон нив.
- Не можеш да засадиш желад наутро и да очекуваш попладне да седиш под дабова сенка.
Фото: Screenshot/YouTube