X
 09.06.2017 Живот

Будистички фрази: „Не е богат оној кој има повеќе, туку оној на кој му е потребно помалку“

Многумина повеќе сакаат да го дефинираат будизмот како филозофија, а не како религија. Будизмот е една од најстарите религии и денес ја практикуваат околу 200 милиони луѓе.

Но, за да се сфати, не мора да се стане нејзин следбеник. Потребно е да го отворите срцето и умот.

Болката е неопходна, а страдањето е само опција.

Земајќи го предвид тоа дека луѓето можат да бидат повредени само од она што и понатаму им значи, избегнувањето на непотребното страдање се состои во тоа едноставно да направите еден чекор назад, емотивно да се разделите и да ги набљудувате работите од друг агол. Тоа бара напор и време, но време заради постигнување на тоа учење.

Биди среќен затоа што секое место е овде и секој момент е сега.


Ние обично мислиме за минатото или сме загрижени за иднината. Ова доведува до тоа да не живееме во сегашниот момент додека нашите животи поминуваат, а за тоа не сме ни свесни. Будизмот учи на свесноста во сегашниот момент.

Грижи се за твоето тело и ум затоа што тоа те сочинува.

За да постигнете добра состојоба на битието, потребно е телото и умот да бидат во рамнотежа. Ние премногу се фокусираме на физичкиот изглед, а изгледот од внатре помага да се чувствуваме позадоволни и посвесни за сегашниот момент.

Многу е подобро да облечеш обувки отколку да го прекриваш целиот свет со теписи.

За да се пронајде внатрешниот мир мора да се биде свесен за личниот потенцијал и да научите како да се потпирате на сопствените средства. На овој начин ќе доживеете автентичен раст и развој.

Не им нанесувај болка на другите со она што и тебе ти се нанесува болка.

Овде станува збор за фраза слична на „Не прави го на другите она што не сакаш тебе да и го прават“. Во оваа фраза се состои во длабокото размислување за нас самите и во големата емпатија за другите.

Не е богат оној кој има повеќе, туку оној на кој му е потребно помалку.


Желбата на човекот најчесто е да поседува повеќе, како емотивно така и материјално и ова е главен извор на сиот негов очај. Оваа фраза има за цел да не научи дека треба да знаеме како да живееме со малку и да прифаќаме сѐ што животот ни нуди во одреден момент.

За да разберете сѐ, потребно е да заборавите сѐ.


Од детството постојано учиме. Нашиот ментален склоп  тогаш сѐ уште не е дизајниран што не прави отворени за се. Тогаш не знаеме да судиме. Меѓутоа, како растеме, нашиот ум е полн со ограничувања и социјални норми кои говорат за тоа какви треба да бидеме, како треба да се поставени работите и сл. За подобро да ги погледнеме работите, треба да се дистанцираме од тие верувања, навики и идеи.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот