X
 03.11.2016 Живот

Регина Берт: „Животот е премногу краток за да трошиме време на омраза“

Американската новинарка Регина Берт била единаесетто дете во семејството од кое потекнува. Од 16 години своите проблеми ги „решавала“ со алкохолот, но на 20 родила дете кое сама го воспитувала цели 18 години. Нејзината приказна станува уште поинспиративна кога ќе се спомене фактот дека на 41 година го победила ракот на дојка, а дури на 45 години ја сретнала вистинската љубов кога ја направила и својата сјајна новинарска кариера.

Овие животни лекции се напишани од неа како мудрост која произлегла од предизвиците со кои се соочувала низ животот:

- Животот не е фер, но сепак е добар.

- Кога се двоумиш, направи уште еден мал чекор напред.

- Животот е премногу краток за да трошиме време на омраза.

- Работата нема да се грижи за тебе кога си болен, туку пријателите и роднините. Погрижи се за тие односи.

- Секој месец уредно отплаќај ги твоите долгови.

- Не е задолжително да се победи во секој спорт без разлика дали се согласувате со тоа или не.

- Да се плаче со некого е подобар лек од тоа да се плаче во самотија.

- Штеди за старост почнувајќи од првата плата.

- Кога станува збор за чоколадо, бесмислено е да се спротивставувате.

- Помири се со своето минато за да не си ја упропастиш сегашноста.

- Сосема е во ред да заплачете пред своите деца.

- Не го споредувај својот живот со ничиј друг. Никогаш не знаеш каков е животниот пат на другите.

- Ако некој однос треба да биде таен, не учествувај во него.

- Вдиши длабоко, тоа ги смирува мислите.

- Ослободи се од сѐ што не е корисно, убаво или забавно.

- Никогаш не е доцна да се има среќно детство. Но во второто детство сé зависи исклучиво од тебе.

- Кога ќе дојде време за остварување на она што навистина го сакаш во животот, не вели „не“!

- Запали свеќи, користи убави прекривки, облечи убава облека. Ништо не чувај за специјална прилика. Таа специјална прилика е денес.

- Припреми се добро, а потоа што ќе биде нека биде.

- Никој освен тебе не е одговорен за твојата среќа.

- При било која таканаречена катастрофа со која се соочуваш постави си прашање на себе си: „Дали ова ќе биде важно по 5 години?“

- Не треба да те загрижува што другите мислат за тебе.

- Без разлика дали ситуацијата е добра или лоша – ќе се промени.

- Не земај сѐ сериозно. Тоа никој не го прави.

- Да се остари е поисплатлива алтернатива отколку да се умре млад.

- Твоите деца имаат само едно детство.

- Единствената работа што е важна е дали си сакал или не.

- Оди на прошетка секој ден. Чудата се случуваат секаде.

- Кога би ги ставиле на куп сите наши проблеми и би ги споредиле со туѓите, би си ги зеле сопствените назад.

- Запамети: најдоброто сé уште не е дојдено.

- Без разлика како се чувствуваш, стани, облечи се и појави се.

- Попуштај.

- Животот иако не е спакуван со машничка, секогаш е подарок.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот