X
 19.02.2017 Живот

„Не ги штитете децата од обврски - немојте, ве молам!“

Многу родители велат: „Ако се мачевме ние, не мора нашите деца“. Замислете, тие работата ја доживуваат како мака. Работа во која треба да се открие задоволството.

Ќе ви раскажам една приказна. Еден татко, кога и да згрешеше неговото дете или кога и да беше дрско, инсистирал да научи некој нов поим од енциклопедијата. Тој нов поим морал да му го каже на татко му, и донекаде да му го објасни. Се случило детето со текот на времето да се заинтересира за енциклопедијата и подоцна ова дете победило во неколку квизови.

Многу е важно родителите да бараат образец со кој ќе му помогне на детето да го сфати она што се очекува од него. Меѓутоа, по тој пат, ве молам немојте да му викате на детето. Тоа е една од најголемите грешки кои многу родители ги прават. Нема викање. Со викање не можеме да постигнеме ништо. Сетете се на оние мудри приказни кои велат дека онаму каде што луѓето викаат, срцата им се оддалечуваат. Сами треба да бидеме блиски. Децата треба да ни веруваат, а како да ни веруваат ако со нив не сме блиски, ако им сме непријатни... Ако родителите се закануваат, викаат и уценуваат, тогаш тука не постои простор за близина.

И уште една доста важна димензија - дајте им обврски на вашите деца! Немојте да ги штитите од обврски. Немојте, ве молам! Многу родители велат: „Ако се мачевме ние, не мора нашите деца“. Замислете, тие работата ја доживуваат како мака. Работа во која треба да се открие задоволството. Тие од напред ја девалвираат, ја отфрлаат можноста детето да ја засака работата.

Дајте им нешто со кое рацете ќе им бидат зафатени. Не заборавајте колку голема важност кај децата имаат прстите. На децата треба да им се дава што повеќе да играат со што ќе ја развиваат моториката на прстите во најраното детство. Нашата рака има поголема презентација во кората на големиот мозок отколку цел долен дел од телото. Истражувањата покажуваат дека децата интелектуално и емоционално побавно се развиваат затоа што не ги користат рацете, туку играат игри за кои користат само два прсти, држејќи го глувчето. Затоа е важно на децата, барем до три години, да не им давате да гледаат телевизија, повеќе да ги носите во природа - играјте со нив, нека ги активираат рацете и дланките, нека скокаат, трчаат, се вртат, качуваат. Да ги научиме децата да се грижат за себеси: да си испржат јајца, да сошијат копче...

Ние ги хендикепираме децата, бидејќи не ги учиме на вештините за преживување, туку им ги купуваме најскапите компјутери, а всушност скапо сме платиле најмоќен непријател. Кога на детето му купувате компјутер, првата работа која треба да ја научи е дека компјутерите можат да бидат корисни, но само ако знаеме на вистински начин да ги користиме, а не за наше семејно и социјално отуѓување.

Автор: Влајко Пановиќ
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот