Во 12 градови во земјава нема ниеден активен случај на коронавирус

Во 12 градови во земјава нема ниеден активен случај на коронавирус

Во вкупно 12 во Македонија во моментов нема ниту еден активен случај на коронавирус, а во 8 има само по еден, стои во последниот извештај на Министерството за здравство.

Бројот на активни случаи во целата земја сега изнесува 251, а најголем дел од нив се во Скопје – 92. Освен во главниот град, двоцифрен број на активни случаи моментално има во само уште 5 градови: Куманово (34), Тетово (24), Прилеп (22), Охрид (16) и Кичево (16).

Сите останати градови имаат по помалку или воопшто немаат активни случаи на коронавирус. Притоа, 12-те градови кои моментално се слободни од вирусот се: Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштип, Валандово, Богданци, Демир Капија, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран.

Во табелата во продолжение можете да видите по колку активни случаи има и во другите градови.


Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, а на починати е 5.478.