X
 01.05.2022 Живот

Истражување покажува дали навистина сме попродуктивни кога работиме од дома

Од почетокот на пандемијата се зголемува бројот на вработени лица што работат надвор од канцеларијата. Соодветно на тоа, има и повеќе истражувања за работата од дома. Нова анализа се обидува да ја оцени продуктивноста на работниците додека работат од дома.

Анализата била спроведена врз основа на анкети во Јапонија кои покажале дека 21,5 отсто од работниците работеле од дома во 2021, што е помалку од 32,2 отсто во 2020. Од работниците што одговориле на анкети во 2020 и 2021, 41,7 отсто престанале да работат од дома.

Кога станува збор за продуктивноста, анкетите покажале дека просечната продуктивност во работата од дома се подобрила од 2020 до 2021 г., односно работниците ја зголемувале продуктивноста со времето што го поминувале работејќи од дома.


Фото: Pixabay

Во двете анкети испитаниците биле прашани дали планираат да продолжат да работат од дома по пандемијата. Во 2020 година 38,1 отсто од испитаниците изјавиле дека планираат да продолжат со работа од дома, а во 2021 г. овој процент се зголемил на 62,6 отсто.

Меѓутоа, според анкета на јапонски фирми спроведена на крајот од 2021 година, поголемиот дел од фирмите планираат да престанат да нудат можност за работа од дома по пандемијата.

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот