X
 13.11.2023 Живот

Виртуелните состаноци се напорни затоа што погрешно се спроведуваат

Ново истражување покажува дека виртуелните состаноци може да предизвикаат умор поради здодевност и премала ментална вклученост. Ова е спротивно на претходни истражувања според кои уморот од виртуелните состаноци е поради премногу ментална работа.

Новото истражување спроведено на Универзитетот „Алто“ во Финска покажува дека учесниците што не се ангажирани за време на виртуелните состаноци многу бргу стануваат поспани. Истражувачите направиле споредба помеѓу виртуелните состаноци и оние спроведени лице в лице, притоа анализирајќи различни видови знаци за умор.

Истражувањето било спроведено на 44 лица, кои требало да пополнат анкета за задоволството од работата. Резултатите покажале дека работниците што не биле ангажирани во работата и немале ентузијазам често се уморувале од виртуелните состаноци. Од друга страна, оние што биле вклучени во работата и имале ентузијазам останувале активни за време на виртуелните состаноци.

Било забележано и дека работниците подобро го задржуваат фокусот на состаноците лице в лице отколку на виртуелните состаноци, дури и кога нивната камера не е вклучена.

Извор: Phys
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот