Ако некогаш чувствувате дека сте единствени што зборувате во просторијата и не ви е угодно, ако сте приметиле неудобна енергија во канцеларијата за време на важни настани, состаноци или презентации, можно е да имате некоја лоша
навика за која сте ни свесни.
Константното
прекинување на другите додека зборуваат е една од нив. Со тоа покажувате недостиг на почит кон колегите. Следниот пат обидете се да првин да слушате, па да коментирате. Исто така
прекумерното зборување за нешто што не го разбирате доволно не оди во прилог. Ако сте уверени во нешто, првин осигурајте се дека добро ја познавате темата.
Доцнењето на работа не е нешто што остава добар впечаток, ниту постојаното заминување порано од завршувањето на работното време. Исто така
не заборавајте да си исчистите зад себе, без разлика дали е тоа кујната или бирото. Не се однесувајте како тинејџер.
Дали сте приметиле кога
премногу се жалите? Сите се изморуваат, постануваат тажни или лути. Но не сите секогаш си изнесуваат чувствата постојано. Колку помалку се жалите, толку повеќе ќе имате шанса да им се допаѓате на колегите.
Изгледот не го прави човек, но работа треба да внимавате да не се опуштите премногу, дури и фирмата да има поинаква политика и да дозволува облекување во поопуштен стил. Исто така
не се опуштајте со пишувањето со пријателите и блиските. Оставете го приватниот живот на страна додека работите и скратете ја таа комуникација на минимум за неопходните нешта исклучиво.