X
 23.06.2023 Живот

Сезонски лет од Осло до Скопје двапати неделно

На Меѓународниот аеродром во Скопје денеска пристигна првиот авион на норвешката авиокомпанија „Norwegian“, која ќе сообраќа двапати неделно. Со „Боинг 737“ со капацитет од 189 патници, летот Осло – Скопје и обратно ќе се одвива сезонски, двапати неделно, секој понеделник и петок.

Авионот кој денеска пристигна од Осло во Скопје го управуваше пилотката Мериен Виксе Лиен.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, истакна дека оваа авиолинија ќе започне да оперира како сезонска со надеж дека ќе прерасне во редовна авиолинија што ќе оперира низ текот на целата година.

- Како што можевме да забележиме, воздухопловот на доаѓање беше речиси полн. Како ТАВ сме благодарни, среќни и возбудени за оваа пригода бидејќи сето ова го претставува континуираниот раст и развој на скопскиот аеродром - рече Курт.

Пилотката Мериен Виксе Лиен, во своето обраќање нагласи дека со нетрпение го очекува пречекот на нови патници на летовите од Осло до Скопје.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот