“Норвежаните се имигранти од Авганистан, Пакистан, Полска, Шведска, Сомалија и Сирија. Не е секогаш лесно да се каже од каде доаѓаме... Домот е таму каде што е срцето... Норвежани се и девојки кои сакаат девојки...“.
Говорот на норвешкиот крал Харалд V за заштита на бегалците во неговата земја и ЛГБТ-правата за кратко се рашири по светот, бележи
Independent. Говорејќи пред повеќе од 1.000 луѓе пред кралската палата во Осло, кралот апелирал неговата земја да прифати доверба, солидарност и великодушност.
Во обраќањето кралот ја опфатил и популарната култура, па така во неговиот говор свое место нашле и норвешки пејач, рок бенд, диџеј и композитор.
„Норвежаните веруваат во Бог, во Алах, во сè и ништо. Со други зборови, вие сте Норвешка. Ние сме Норвешка“, рекол меѓу другото кралот.
Говорот: