X
 23.07.2022 Технологија

Softtelligence: Место каде што се ангажираат извонредни луѓе и се негува нивниот професионален развој

ИКТ-индустријата е најбрзорастечки сектор и на глобално ниво и кај нас, што секако подразбира вработување на значителен број инженери. Овој сектор има витална улога и за македонската економија бидејќи покрај квантитетот, претставува област која овозможува развој на вработените со знаења и вештини од светски рамки. Особено оние што се вклучени во новите технологии, како што се истражувања базирани на податоци и вештачката интелигенција, кои се етаблираа како мејнстрим во оваа област.

Нема ограничувања за нацијата од која потекнувате или за земјата во која се наоѓа компанијата за која работите. Порано беше невозможно информатичар од Скопје да работи во американска корпорација без да стапне на американска територија, но денес тоа навистина се случува. Сериозен број компании, меѓународни и домашни, развиваат софтверски решенија за извоз и обезбедуваат целосна поддршка за огромни мултинационални компании од различни сектори.



Една од овие компании е Softelligence, која го истакнува огромниот потенцијал за вработување ИТ-специјалисти и за нивниот значителен раст во кариерата. Како потврда, престижниот Financial Times FT1000 ја призна Softelligence како една од врвните ИТ-компании во Централна и Источна Европа. Компанијата избира само врвни кандидати, кои сепак добиваат поддршка и насоки за нивниот раст во кариерата.

Адријан Блидарус, извршен директор на Softelligence, често вели дека компанијата вработува млади професионалци и ИТ-специјалисти подготвени за предизвици. Тим кој постојано ја зголемува својата експертиза и инвестира во себе. Високо мотивирана работна сила која го поддржува ширењето на македонската и глобалната економија. Според него, способноста да се работи како заедница е најважниот квалитет бидејќи тоа е единствениот начин да се добијат глобални резултати и задоволни клиенти.



Секој месец Softtelligence отвора нови работни позиции. Огромниот број отворени работни позиции може да се видат и сите заинтересирани може да ги следат активните огласи на интернет-страницата https://www.softelligence.net/job-openings/ или на официјалната фејсбук-страница https://www.facebook.com/softelligence.mk/. Сите овие експерти и млади таленти се ангажирани во Центарот за испорака во Скопје. Компанијата инвестира и создава одлични услови за работа, пристап до најнова технологија, обука и специјализирани курсеви за сите колеги од земјава.

Условите за работа од светска класа се овозможени преку Softtelligence во Скопје. Бизнисот е составен од група експерти кои секојдневно покажуваат колку тимовите можат да бидат успешни. Технолошкиот бизнис е специјализиран за дизајнирање и испорака на сложени решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија