X
 23.08.2018 Наука

Зошто мозокот секогаш пронаоѓа проблеми?

Понекогаш имаме чувство дека некои проблеми не можат да се решат. Колку и да се посветиме на нивното решавање, се чини дека навлегуваме сѐ подлабоко и подлабоко. Колку и да му се посветиме на проблемот, ни се чини дека решението е сѐ подалеку и подалеку.

Тоа е поврзано и со начинот на кој нашиот мозок ги процесира информациите, особено оние што ни се чинат ретки, а во моментот кога ги забележуваме, ни се чини дека ги гледаме каде и да се свртиме.

Како можете да знаете дали напредувате во решавањето на некој проблем кога постојано го редефинирате неговото решение?

За истражувањето што покажува колку се менуваат концептите кога ќе станат помалку вообичаени, испитаниците имале едноставна задача - да прегледаат серија компјутерски генерирани лица и да го изберат она што изгледа заканувачки.

Дизајнирани од експерти, опфаќале серија лица што изгледаат заканувачки до лица што изгледаат безопасно. Додека научниците им ги покажувале сликите и сѐ помалку „заканувачки“ лица, забележале дека луѓето ја прошириле својата дефиниција за тоа што значи „заканувачки“ за да можат да вклучат поширок опсег на лица. Така, откако повеќе не можеле да пронајдат заканувачки лица, испитаниците почнале да ги нарекуваат безопасни и оние што навистина биле заканувачки.

Она што луѓето го сметаат за закана зависи од тоа колку закани виделе во последно време. Овој вид недоследност не е ограничена само на проценувањето на можната закана. Во друг експеримент од луѓето било побарано да донесат уште поедноставна одлука - дали точките што се наоѓаат на екранот се сини или виолетови.

И додека сините точки стануваат сѐ поретки, луѓето почнуваат помалку виолетовите точки да ги нарекуваат сини. Тоа почнале да го прават откако испитувачите им рекле дека сините точки ќе станат поретки или кога им понудиле парична награда за да останат конзистентни. Овие резултати покажуваат дека ваквото однесување не е целосно под свесна контрола, инаку луѓето свесно би размислувале дека треба да останат конзистентни за да освојат парична награда.

По овие резултати истражувачите се прашале дали ова се смешни нуспојави на визуелниот систем. Дали овој концепт ќе се случи и во други процени?

За да го тестираат тоа, тие спровеле серија експерименти во кои од испитаниците побарале да прочитаат различни научни истражувања и да одлучат кои се етички, а кои не.

Научниците биле скептични дека ќе пронајдат иста недоследност во овие процени, како што пронашле во бојата и лицата. Мислеле дека моралната процена ќе биде подоследна од другите. Тие се воделе од идејата дека ако мислите дека некое насилство е лошо денес, ќе мислите дека е лошо и утре, без оглед на тоа колку насилство сте виделе во текот на денот.

Но, тие се зачудиле кога забележале дека нивните очекувања не биле точни. Пронашле иста шема како кај бојата и лицето. Додека им покажувале сѐ помалку и помалку истражувања, тие сѐ поголем број истражувања ги нарекувале неетички. Откако виделе помалку неетички истражувања, тие станале строги судии за моралот и етиката.

Зошто луѓето ја прошируваат областа на она што го сметаат за закана откако првата и оправдана закана ќе стане ретка?

Истражувачите на когнитивната психологија и невронауката сметаат дека овој вид однесување е последица на основниот начин на кој нашиот мозок ги обработува информациите, а тоа е постојано споредување на сето она што е пред нас со моменталниот контекст.

Наместо внимателно да одлучат какво е заканувачкото лице во споредба со другите, мозокот анализира колку лицето е заканувачко во споредба со лицата што ги видело или ги споредува со некој просек на неодамна видени лица со помалку или повеќе заканувачки изглед.

Се чини дека мозокот често користи помалку енергија за релативна споредба отколку за апсолутните мерења.

Сетете се само колку е полесно да се запомни кој од вашите роднини е највисок отколку колку е висок секој од нив. Нашиот мозок се развил така што употребувал релативна компарација во многу ситуации бидејќи таквата компарација често ни дава доволно информации за сигурно да се движиме низ околината и да донесуваме одлуки со малку напор.

Во некои случаи релативното пресудување функционира добро.

За да го искорените ова во вашиот живот, треба да користите посебна стратегија. Кога треба да донесете одлука каде што е важна доследноста, дефинирајте ги категориите колку што можете појасно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука