Во иднина сѐ повеќе ваши колеги ќе бидат заменети од роботи или од вештачка интелигенција. Некои „човечки професии“ веројатно и ќе исчезнат, но функцијата шеф засега не е загрозена.
Според истражување на „Сурви манки“, кое опфатило 1.000 менаџери, 20 отсто од испитаниците, сепак, би сакале нивниот шеф да биде робот. Во таа смисла, од менаџерите на возраст меѓу 25 и 30 години тој број изнесува 40 отсто.
Главната причина поради која менаџерите претпочитаат робот, секако, е пред сѐ, тоа што не им се допаѓа постојниот надреден. Но, меѓу посериозните одговори е и тоа што се надеваат дека роботот не може да биде манипулант, суетен и арогантен како луѓето.
Од друга страна, пак, некои од менаџерите не би сакале робот да им наредува и шефува.
Извор: МИА