Американскиот турист кој во Виена откри обид на крадење на кредитни картички докажува дека со право бил параноичен.
Корисникот на YouTube Бен Тедеско, чија професија е поврзана со интернет сигурноста, забележал дека банкоматот изгледа чудно. Влезот за кредитна картичка бил сомнителен бидејќи на работ се наоѓало нешто што асоцирало на лепило. Сакајќи да провери, Тедеско случајно го отстранил лажниот влез за кредитни картички на кои се наоѓала електроника за преземање на податоците со цел да се украде идентитетот и парите.
За работите да бидат полоши, со прегледот на видео снимката било откриено дека на банкоматот се наоѓала и скриена камера вперена во тастатурата за внесување на шифрата.
Тедеско, кој признал дека го проверува секој банкомат кој го користи, после неговото сознание ја контактирал австриската полиција.