Иако бил напуштен во далечната 1982 година, Китсаулт е град во кој тревниците се уредно искосени, а уличните светилки сѐ уште работат.
Градот бил напуштени поради разни економски кризи, па дури и катастрофи, природни и предизвикани од човекот, а она што е карактеристично за овие места е дека воглавно се напуштени, валкани, рушени. Но, ова не е случај за Китсаулт.
Лоциран во близина на грраницата на Алјаска и Канада, Китсаулт бил создаден во 1979 година, како рударски град за молибден - минерал кој се користи во многу легури. За само три години, градот бил окупиран, доселениците кои работеле во рудникот изградиле повеќе од 100 куќи, трговски центар, библиотека, болница, ресторани. Но, наскоро сѐ било напуштено. Имено, откако рудникот бил затворен, градот останал и без луѓе.
Денес припаѓа на американскиот претприемач Кришнан Сунтатиран кој во 2005 година го купил градот за 7 милиони долари. Оттогаш, вложил повеќе од 25 милиони долари за
одржување на градот во кој планира да го обнови рударството.