Во работното опкружување многу е важно да ги споделувате само оние делови од својот живот што нема да ги компромитираат вашата работа и односите со колегите.
Таа задача нималку не е лесна затоа што, од една страна, би требало да изградите квалитетни меѓучовечки односи, а, од друга, одредени работи треба да ги задржите само за себе.
Според пишувањата на „
Бизнис инсајдер“, ова се осумте работи што никако не треба да ги изнесувате на работното место:
1. Политичките уверувања.
2. Мислење дека некој друг не е доволно способен.
3. Висината на платата.
4. Изјава дека ја мразите вашата работа.
5. Што правите во вашата спална соба.
6. Што мислите дека другите прават во спалната соба.
7. Како некогаш сте живееле разуздано.
8. Барате нова работа.