X
 09.10.2017 Живот

Не дозволувајте да ви ги прават овие работи


Црно-бела фотографија од девојка
(Фото: Pixabay)


Кога и да имате работа со тешки или непријателски настроени лица, важно е да заземете цврст став. Ова е ваш живот. Иако не можете да контролирате сè што другите лица можат да ви направат, сепак можете да донесете одлука дека нема да се поставите со „подвиткана опашка“! Вие можете да одлучите дека нивните дела и постапки нема да влијаат врз вашето срце и душата. Но, над сè, ваш е изборот со кого „ќе чекорите напред“, а кого ќе оставите зад себе. Не дозволувајте им на другите луѓе да ви ги прават овие работи:

1.    Не дозволувајте им на другите луѓе да ве вовлекуваат во непотребни расправии

Никогаш не смеете да губите време во објаснување со други луѓе кои веќе покажале дека немаат разбирање за вас. Својата интелигенција и сопствена вредност не дефинирајте ја според бројот на расправии од кои сте излегле како победник, туку според бројот на случаи кога сте ја избегнале, потенцирајќи дека караницата не заслужува ваше внимание.

2.    Не дозволувајте им на другите да ве вовлечат во своите негативности

Позитивноста е личен избор. Избирајте мудро. Бидете доволно мудри да се оддалечите од негативностите што ве опкружуваат, затоа што тие не го заслужуваат вашето внимание и фокус.

3.    Не дозволувајте им на другите да ве малтретираат

Насилството е погрешен вид однесување. Не постои слобода која на друго лице му гарантира право да ја напаѓа вашата личност. Секогаш имајте на ум дека никој нема моќ да направи да се чувствувате ништожно доколку вие сами не му го дозволите тоа.

4.    Не дозволувајте им на пријателите да бидат неискрени со вас

Ако не се искрени, тогаш не се ваши вистински  пријатели. Не можете да ги избирате роднините, но пријателите – и тоа како можете.
Бидете вистински пријател со сите што го заслужуваат тоа, но само вистинските и искрени пријатели држете ги блиску до себе.

5.    Не дозволувајте им на истите луѓе постојано да ве лажат

Ако фатите некого во лага, кажете го тоа! Некои луѓе ќе се обидуваат постојано да ве лажат за да ги остварат своите цели. Но, лицата што лажат треба да ги дистанцирате од себе!

6.    Не дозволувајте им на луѓето да ве искористуваат

Понекогаш луѓето не ги забележуваат работите што ги правите за нив, сè додека не престанете да го правите тоа. Тоа не е во ред, затоа веднаш престанете со такви активности. Вие заслужувате подобро! Вие заслужувате луѓе со кои ќе се смеете, луѓе кои нема да ве земаат здраво за готово, и луѓе кои нема да ве остават на цедило.

7.    Не дозволувајте им на другите да ве уверат дека промените се лоша работа


Она што не можете да го промените обично ве променува вас. Промените се случуваат со причина. Треба да се носите со нив. Тоа не е секогаш лесно, но на крајот, секогаш е исплатливо.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот