X
 23.11.2018 Наука

На кого ќе му биде поладно, на слабите или на дебелите луѓе?

Постои мит дека дебелите луѓе помалку чувствуваат студ отколку слабите. Но, што вели науката за тоа?

Едно истражување спроведено кај пливачи покажува дека луѓето што имаат поголем процент на телесни маснотии се помалку подложни на „замрзнување“ бидејќи маста ги изолира нивните внатрешни органи.

Од друга страна, на подебелите луѓе би им било многу поладно отколку на оние со просечна телесна тежина. Тоа се случува бидејќи мозокот комбинира два сигнала - температурата во телото и температурата на површината на кожата - за да одлучи како телото реагира на студот. Додека внатрешните органи им се заштитени, на подебелите луѓе површината на кожата побрзо ќе им се излади.

Психологот Кетрин О'Брајен објаснува дека е можно тие да имаат чувство на студ поради поголемата површина на кожа, но додава дека постојат многу други фактори што влијаат врз тоа. Поситните луѓе, кои имаат поголема површина на кожата во однос на вкупниот волумен на телото, побрзо се затоплуваат, додека луѓето со поголема мускулна маснотија ќе имаат подобра заштита од чувството на студ бидејќи мускулите сами по себе генерираат телесна топлина.

- Знаеме да се шегуваме дека студот најдобро го поднесуваат лицата што истовремено се и фит и дебели - вели таа.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука