X
 09.01.2018 Наука

Ветеринар открива зошто нашите миленичиња имаат прекумерна тежина

дебелина
Фото: Shutterstock

Како и кај луѓето, така и дебелината кај миленичињата е во епидемиска пропорција. Повеќе од половина од кучињата и мачките во светот се борат со прекумерна тежина.

Додека миленичињата со прекумерна тежина не се соочуваат со истата општествена стигма како и луѓето, медицинските и емоционалните оштетувања се исти. Дебелината кај животните може да предизвика компликации во речиси секој систем во телото, со состојби од дијабетес до остеоартритис.

Сопствениците често велат дека не им е грижа дали нивното милениче е дебело, меѓутоа, голем дел од нив не ја знаат вистината за дебелината.

Истражување за животниот век на миленичињата покажа дека лабрадорите што имале прекумерна тежина од 10 до 20 отсто - оние што дури и не биле дебели, живееле просечно 1,8 година пократко од лабрадорите со нормална тежина.

Друго истражување покажува дека дебелината има емоционални последици врз миленичињата. Дебелите миленици имаат полоши резултати во виталноста, квалитетот на животот, болката и емоционалното вознемирување. Сепак, добрата вест е дека нивните вредности можат да се подобрат со губење на тежината.

Покажување на љубовта преку храната


Каде е проблемот? Дали храната содржи премногу калории? Дали миленичињата немаат доволно физичка активност? Дали станува збор за генетика? Или, пак, сме слаби на кучешките очи и поради тоа имаме навика да им даваме повеќе јадење?

Ветеринар кој е дел од Клиниката за дебелина на миленичињата вели дека сите горенаведени работи придонесуваат за дебелината.

Истражувањата покажуваат дека не е важно кој пристап на губење на тежина го користат луѓето - сè додека се држат до него. Но многумина од ветеринарната медицина повеќе се фокусираат на традиционалните диети и планови за вежбање, а помалку кон придржувањето, што е причина зошто милениците стануваат подебели.

Сепак, во оваа област почнуваат да сфаќаат дека за дебелината на миленичињата е многу поважна врската помеѓу човекот и животните отколку чинијата за храна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука