Ова е
листа со најголемите злосторници во модерната историја. Некои од нив по нападот извршиле самоубиство, а некои се наоѓаат во затвор каде издржуваат казна. Во еден ден убиле најмалку 20 луѓе.
Тој ги мразеше жените
Џорџ Хенард на 16 октомври 1991 година во Тексас убил 23 луѓе, а 27 ранил. За време на масакрот Џорџ имал 35 години. Бил невработен и многу лут, а својата омраза ја изразуваше главно спрема жените и националните малцинства. Во ресторанот каде што имало околу 140 луѓе влетал со автомобилот. Тој излезе надвор и истрелал куршуми со два пиштоли. Некои луѓе биле убиени со едно пукање во главата.
Хенард ги наполнил пиштолите најмалку 3 пати пред да побегне по кратката размена на куршуми со полицијата. Полицијата го ранила најмалку 4 пати, а потоа тој си пукнал во глава. Четиринаесет од 23 убиени биле жени, а меѓу ранетите поголемиот дел биле жени. Пријателот на Хенард на полицијата и рекол дека тој ги мразел жените, Афроамериканките, Латиноамериканките и хомосексуалците. Жените ги нарекувал змии. Често ги понижувал, особено после расправиите со својата мајка.
Масакр во џамијата
Барух Голдстајн (38) бил религиозен екстремист и масовен убиец. Во Хеброн во 1994 година убил 29 Палестинци, а повредил 125 од нив. Израелската Влада го осудила нападот и им забранила на Израелците да влегуваат во областите населени со Палестинци во Хеврон.
Голдстајн е роден во САД, а се преселил во Израел во 1983 година. Прво, тој работел како физичар во одбранбените сили, а подоцна и како лекар. Тој не сакал да им помага на Арапите, дури и на оние кои служеле во израелската одбрана. Се бавел со политика и носел жолта ѕвезда на која пишувало „Јуда".
За време на еврејскиот празник Пурим влегол во џамија во воена униформа и почнал да пука. Во нападот убил и пет Израелци. Израел го класифицирал нападот како кривично дело на осамен убиец. Некои Израелци го славеле Голдстајн како херој.
Ја убил својата баба
Mutsuo Toi (21) од Јапонија убил 30 луѓе меѓу кои и својата баба. Ранил 3 луѓе, а потоа си пукал во глава. Во 1938 година ја убил својата баба (76 години) на која и ја отсекол главата со секира. Ставил светло во нејзината глава и со неа влегувал во куќите на останатите селани.
Убил 29 соседи. Дваесет и седум од нив починале на самото место, а останатите починале следниот ден. Користел и пушка, нож и секира. Убил речиси половина од луѓето кои живееле во таа мала заедница. Ги изгубил родителите додека уште бил дете.
Неговите родители починале од туберкулоза. Тој и сестра му ги одгледала баба му. Неговата сестра се омажила во 1934 година, а после тоа станал повлечен. Подоцна било пронајдено неговото проштално писмо во кое тој наведува дека бил болен од туберкулоза и дека поради тоа девојката го оставила. Тој исто така напишал дека соседите почнале да го навредуваат, па одлучил да им се одмазди. Бабата ја убил бидејќи сметал дека ако останела жива ќе требала да го носи неговиот срам.
Убивал со нож и пиштол
Кампо Елиас Делгадо (52) убил 29 лица, а повредил 12 во луксузниот ресторан во Богота. Тој бил убиен од полицијата.
Имал револвер и нож. Делгадо како дете видел како неговиот татко извршил самоубиство, а цел свој живот ја обвинувал за тоа неговата мајка. Служел во американската армија и бил во војната во Виетнам. Се вратил во Богота. По војната станал чуден и повлечен. Во 1986 година тргнал во крвав поход. Прво убивал во зградата каде што живеел. Ја убил и својата мајка.
Боледувал од анкциозност и депресија
Cho Seing-hui (23) од Јужна Кореја убил 32 лица, а повредил 17 од нив. Бил вооружен со полу-автоматски пиштол и пукал во Универзитетот во Вирџинија. Шест лица скокнале од прозорецот и успеале да избегаат. Бил студент на Универзитетот, а откако полицијата пристигнала и влегла на Универзитетот тој се самоубил. Неговото тело било кремирано.
Cho бил роден во Јужна Кореја, а кога имал осум години, неговите родители се преселиле во САД. Во средно училиште, му била дијагностицирана анкциозност и депресија. Тој примал терапија и посебна поддршка во учењето.
Во последните две години, додека тој бил на Универзитетот, почнал да се однесува насилно што предизвикало загриженост кај неговите професори и колеги.
По убиствата бил подготвен посебен извештај во кој се опишани нападите и неговите мотиви. Во извештајот, исто така се критикувале лекарите и едукаторите кои биле во контакт со Cho за време на годините на студии, бидејќи не му помогнале со соодветна терапија.
Го линчувале
Ахмед Ибрагимов е масовен убиец кој убил најмалку 34 Руси во селото Mikenskaja во Чеченија. Луѓето ги убил на 8 октомври 1999 година. По нападот тој избегал. Бил фатен за два дена и предаден на роднините на жртвите. Тие јавно го линчувале.
Ибрагимов бил роден во 1956 година. По распадот на СССР бил возач, водел мала продавница и работел како поштар. Тој имал брат кој бил убиен во првата војна во Чеченија. Во август 1999 година, започнала Втората Чеченска војна, а на 8 октомври почнала битката меѓу чеченските бунтовници и руската армија во областа Mikenskaje.
Откако нападите престанале, луѓето излегувале од своите куќи. Ахмед им пришол и почнал да пука со калашников. Очигледно бил пијан. Одел низ селото и убивал Руси. Убил луѓе на возраст меѓу 10 и 89 години. Кога останал без муниција побегнал. „Русите убиваа Чеченци, па затоа и јас сега убивам Руси“-рекол Ибрагимов.
Служи казна од 1035 години затвор
Мартин Брајант (49), масовен убиец од Австралија убил 35, а повредил 23 лица. Нападот го извршил во 1996 година. Во моментот служи 35 доживотни казни затвор и дополнително 1.035 години без можност за помилување.
Родителите имале проблеми со него кога тој бил дете. Тој бил „поинаков". Често се дистанцирал од реалноста и бил бесчувствителен и насилен. Измачувал животни. Подоцна му било одреден низок степен на интелигенција и одел во специјално училиште. Лекарите му дијагностицирале серија на ментални нарушувања.
Нападот во градот Порт Артур во Тасманија го извел со цел „светот по нешто да го запомни" Бил многу фрустриран и лут поради социјалната изолација. Меѓу убиените имало и деца. Во затворот се обидел да се самоубие. Од 2015 година се наоѓа во строго чуван затвор во „Risdon“ затворот во близина на градот Хобарт.
Полицаец-убиец
Вилијам Унек (28) е американски полицаец и масовен убиец кој убил 57 луѓе во два одвоени напади во период од три години. Унек работел како полициско обезбедување во поранешниот белгиски Конго. Првото масовно убиство го извршил на 1 јануари 1954 година, кога убил 21 лица, а многу од нив повредил. Тој ги нападнал со секира, а нападот го извршил во еден час и половина. После тоа избегал.
Тој зел лажен идентитет и почнал нов живот. Вториот масакр го извршил на 11 февруари, 1957 година. Бил вооружен со секира и пушка. Убивал луѓе во градот на Мванза во Танзанија. Тој влегол во неколку куќи и ги убил луѓето кои биле внатре. Убил мажи, жени и деца, вкупно 36 лица, меѓу кои била наводно и неговата сопруга. Ја облекол во униформа една од жртвите и побегнал. Бил баран и притоа беше распишана награда од 350 долари ако некој го забележи.
Поминале неколку дена кога Унек се појавил во куќата на еден човек. Барал храна. Следниот ден кога Унек дошол, жената на овој човек повикала полиција. Со разговор го задржала речиси 2 часа. Кога пристигнала полицијата, таа ја запалила куќата. Унек избегал, но подоцна умрел во болница.
Го разлутил удар по мува
Woo Bum-Kon имал 27 години кога извршил самоубиство. Овој масовен убиец од Јужна Кореја убил 56, а повредил 35 лица. Работел како полицаец. Во април 1982 година имал расправија со мајката на неговата девојка. Се налутил затоа што таа го разбудила кога замавнала по мувата која застанала на неговите гради. По ударот отишол во полициската станица и се пријавил на должност.
Испил многу и вечерта се вратил дома. Ја истепал девојката и го уништил мебелот. Се наоружал и отишол во пошта каде ја убил својата прва жртва. Подоцна влегол во куќа и ги убил станарите. Неговата девојка кажала во полиција дека Woo страдал од комплекс на ниска вредност, дека му сметале коментарите на селаните кои зборувале зошто живеат заедно, а не се венчани.
Му било жал што убил „само“ 77 луѓе
Андерс Беринг Брејвик (37) е најбруталниот масовен убиец. Тој во јули 2011 година убил 77, а повредил 319 лица. Бил осуден на 21 години затвор што е максимална казна во Норвешка, за активирање на бомба во близина на седиштето на Владата во Осло, при што загинале осум лица, а потоа пукал во насобраните млади луѓе на островот Утоја, каде што убил 69 луѓе.
Пресудата не го погодила премногу и рекол дека му е жал што убил само 77 луѓе. По пристигнувањето на специјалците на островот, Брејвик се предал без отпор. Кривичното дело го планирал девет години. Шест часа пред масакрот на „YouTube“ објавил пропаганден филм, а оставил и манифест од 1516 страници во кои тој го објаснува планот и идејата дека „до 2083 година Европа повторно ќе биди етнички чиста".