Пратениците во парламентот на Нов Зеланд ќе гласаат за намалување на старосната граница за гласање од 18 на 16 години, откри премиерката Џасинда Ардерн, пренесува „Асошиејтед прес“.
Врховниот суд на Нов Зеланд претходно изгласа дека може да се смета за старосна дискриминација доколку не им се дозволи на 16 и 17-годишните жители да гласаат.
Ардерн изјави дека сака да се намали старосната граница, но за тоа би требало да гласаат најмалку 75 отсто од пратениците, а ситуацијата е таква што засега немаат толку поддржувачи во парламентот. Гласањето треба да се одржи во следните месеци.
Старосната граница за гласање во Нов Зеланд беше намалена од 21 на 20 во 1969, а потоа на 18 во 1974 година.
Низ светот има некои земји во кои може да се гласа од 16-годишна возраст, како Австрија, Малта, Бразил, Куба и Еквадор.
Извор:
AP news
Насловна фотографија: Freepik