Луѓето со добро помнење можеби се талентирани, но има и такви кои научиле како да помнат брзо и ефикасно со помош на систем.
Во видеото подолу, поранешен американски шампион во помнење, Џошуа Фоер, покажува дека секој од нас може да има одлично помнење, и тоа преку пример со бројот Пи.
Фоер нè предизвикува да ги запомниме првите 100 цифри од Пи и ни покажува како да го направиме тоа со конструирање зграда на имагинацијата или „мемориска палата“. Навистина делува како тежок предизвик, но не и невозможна мисија.