X
 23.12.2018 Живот

Осумгодишниот Абдул од Индонезија ползи до училиште и нема ниеден неоправдан

Осумгодишно момче од Индонезија, кое има тежок телесен недостаток, секојдневно успева да ги совлада сите препреки ползејќи по патот до училиште, долг 6 километри, на западот од островот Јава.

Муклис Абдул Холик не може самостојно да стои, но секој ден го совладува патот до училиштето ползејќи на колена и на раце или одејќи на рацете, на кои си става сандали за да ги заштити. Поради искривувањето на стапките и кратките нозе, Муклис со висината им е само до колковите на своите соученици.

Фото: Jutarnji

И покрај хендикепот, тој заедно со својата мајка успева да отиде на училиште по истиот пат и дрвен мост како и неговите соученици.

- Патот е стрмен, но тој секојдневно го совладува. Да имавме повеќе пари, ќе можевме да земеме мотор-такси, вака мора да ползи по земјата. Но, никогаш не се жали, на дожд и на снег, секогаш е на училиште - вели неговата мајка Пипин.

Фото: Jutarnji

Храброста и упорноста на ова детенце станаа хит во оваа земја со 260 милиони жители, па детенцето на трети декември се сретна со претседателот Јоко Видодо.

- Го прашав Абдул дали сака нешто кога се сретнавме. Мислев дека ќе сака некаков подарок, но рече дека би сакал само да студира - истакна Видодо.

Детето кажало дека кога ќе порасне, сака да биде пожарникар, лекар или астронаут.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот