X
 22.10.2016 Здравје

Недоволниот сон предизвикува појава на болести

Сон - најдобриот начин за релаксација која ја практикуваме за да преживееме, но и една од најважните потреби на човекот. Кога спиеме, нашето тело ја обновува енергијата по претрпениот стрес од изминатиот ден. Иако спиеме, во нас се одвиваат милиони процеси, а клетките се регенерираат и го поправаат ткивото кои биле оштетено додека сме биле будни.

 

 

 

Кога не спиеме, регенерирањето не е можно. Освен што ќе бидеме нерасположени и ќе почувтсвуваме недостаток на концентрација, кога не добиваме доволно сон и тоа подолго време, тоа може да доведе до сериозни последици по нашето здравје. Кога зборуваме на сериозни последици, тогаш се мисли на плејада на болести како рак, дијабетес, срцеви болести и слично. Ова се болестите кои може да се јават поради континуиран недостаток на сон.

 

1. Алцхајмерова болест

Освен што неспиењето може да предизвика Алцхајмерова болест, може и да ја забрза. Сонот е потребен за мозокот да се ослободи од „церебралниот отпад“ кој пак, може да предизвика деменција. Според истражувањата, оние кои не добивале доволно сон се поголемиот процент на заболени.

 

2. Дебелина и дијабетес

 

Дијабетесот уште одамна се поврзува со недостаток на спиење, а според последното истражување на Универзитетот од Чикаго, недоволниот сон може да предизвика и дебелеење. Спроведените истражувања докажуваат дека лицата кои спијат помалку се посклони на зголемување на телесната тежина која подоцна може да доведе и до дијабетес.

 

3. Кардиоваскуларни заболувања

Две третини од испитани 657 Руски мажи на возраст од 25 до 64 години, кои доживеале срцев удар, имале континуиран недостаток на сон. Освен тоа, истите имале 2,6 пати поголем ризик за откажување на срцевиот мускул, и 1,5 пати поголем ризик за мозочен удар.

 

4. Самоубиство

Според статистиката, поголемиот борј од лица кои извршиле самоубиство, се соочувале со недостаток од сон. Неспиењето доведува и до разнишување на психичката состојба, па не е ретко да се случи да се јават самоубиствени нагони.

 

5. Улцеративен колитис

Воспалителен процес на дебелото црево е исто така болест која може да биде предизвикана од недоволен сон. Како пто напоменавме, неспиењето доведува до зголемен стрес, нерасположение и лоша општа состојба, што пак влијае на функционирањето на целиот организам. Дигестивниот систем реагира на овие промени и сето тоа често доведува до инфламаторни процеси.

 

6. Рак на простата

Мажите кои немаат доволно сон имаат ризик да добијат рак на простата за 60 проценти повеќе од оние кои квалитетно и доволно спијат. Ова се поврзува со хормонот мелатонин, кој се лачи кога лицето е изложено на голема количина на вештачка светлина, која е присутна особено кога некое лице пати од несоница.


Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје