X
 27.10.2020 Живот

Магично осветлен мост за набљудување орхидеи во шума во Индонезија

Фотографот Варман Вардани ја открива следната волшебна дестинација за секој што има желба за уште една авантура: шумата Орхид Циколе во Лембанг, Индонезија.

Оваа шума е дом на најголемата колекција охридеи во Индонезија. Во неа има над 20.000 орхидеи од многу ретки видови, но едно од најуникатните нешта во оваа шума е дрвениот мост што почнува да свети навечер.

1

Мостот е совршена дестинација за младите луѓе, а фотографот Варман успешно го долови изгледот на мостот преку серија вечерни фотографии.

2

Мостот е направен од дрва и јажиња што се протегаат низ дрвјата на шумата, создавајќи нежен бран во далечина што го води патот за посетителите. Во текот на денот посетителите можат да го искористат мостот за набљудување на ретките орхидеи, а навечер ефектот „градина на светлата“ се постигнува со употреба на сензори што трепкаат за да создадат светлечко шоу. Скалите и местата за одмор се дизајнирани на сличен начин како и висечкиот мост. Направени се од дрво и поткрепени со стебла што ја дефинираат патеката.

3

4

Без оглед дали сакате да ја посетите шумата поради чистиот воздух, уникатните орхидеи или едноставно затоа што фотографиите на Вардани ве инспирираа, шумата Орхид Циколе и волшебниот дрвен мост што поминува низ него вреди да се посетат.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот