X
 23.12.2022 Живот

Каде завршуваат парите од фонтаната „Треви“ во Италија?

Ако некогаш сте го посетиле Рим, сигурно сте фрлиле паричка во познатата фонтана, исто како што прават илјадници туристи секој ден. Прашањето е каде завршуваат тие пари?

Оваа традиција станала популарна во 1954 година благодарение на комедијата „Три парички во фонтаната“, но почнала многу порано.

Според првобитното верување, чаша вода од оваа фонтана значела среќа и брзо враќање во Вечниот град. Со текот на времето, оваа легенда еволуирала во верувањето дека фрлањето паричка преку левото рамо, со грбот свртен кон фонтаната, ќе обезбеди брзо враќање во градот.

Овие пари денеска ги собираат работниците на добротворната католичка организација „Каритас“, која ги користи за купување храна за сиромашните, како и за спроведување разни социјални програми. Финансиската помош стигнува до повеќе од 200 земји во светот.

Од фонтаната дневно се собираат околу 3.000 евра, што е околу 1,26 милион долари годишно.

Постои дури и посебен супермаркет во сопственост на организацијата „Каритас“, каде што од 2008 година најзагрозените граѓани на Рим купуваат намирници.

Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот