X
 28.11.2018 Живот

Италијански министер со булдожер сруши вила на мафијаши

Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, седна во булдожер и со сласт учествуваше во рушењето на вилите во Рим што ги изгради фамилијата Казамоника.

- Се чувствувам извонредно - истакна Салвини откако со големо уживање учествуваше во уништувањето на покривот на една вила во Рим, која е во сопственост на фамилијата Казамоника, која, пак, наводно, е поврзана со мафијата.

Фотографиите и снимките од рушењето во кое учествува министерот станаа хит на интернет. Вилата била изградена илегално, а Салвини, кој е десничарски ориентиран министер, ги исполнува ветувањата од предизборната кампања - дека нема да има компромис во борбата против мафијата и криминалот.

- Утринава еден од членовите на фамилијата Казамоника ме повика да пиеме кафе. Не, благодарам. Претпочитам поинакво друштво - рече Салвини.

На местото на кое се наоѓаше мафијашката вила ќе има игралиште за деца.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот