X
 24.01.2019 Наука

Месечината била погодена од метеорит во текот на затемнувањето

Доколку во неделата го набљудувавте небото, сигурно сте ја виделе таканаречената крвава Месечина. Милиони луѓе низ светот уживаа во глетката, но само малку острооки набљудувачи забележаа уште нешто. За време на затемнувањето Месечината беше погодена од мал метеорит.

Судирот бил забележан од најмалку еден набљудувач што го гледал затемнувањето од својот двор. Лицето не било сигурно дали краткотрајниот блесок на светлина што го забележал бил некаков локален феномен или нешто што влијае на Месечината, па проверил дали тоа може да се види и на преносите во живо од различни локации во светот, односно во Мароко и Калифорнија. Сигурно е дека блесокот се појавил на двата преноса, што значи дека навистина нешто се случило на Месечината.

Забележувањето на овој судир не било баш лесно поради тоа што метеоритот бил екстремно мал и веројатно не се движел многу брзо. Блесокот светлина бил видлив многу кратко, па сте можеле да не го видите доколку сте трепнале во тој момент.

Покрај ваквите предизвици, многу луѓе успеале да направат фотографии и снимки од настанот и во текот на следните денови веројатно ќе научиме многу повеќе за овој мал метеорит и другите мали метеорити како него. Овие објекти се многу мали за да можеме да ги видиме преку нашите телескопи, па единствениот начин на кој би можеле да научиме нешто за нив е кога ќе удрат во нешта и така да ги забележиме. Благодарение на овој удар, ќе научиме нешто повеќе за тоа каков вид мали камења има таму горе и колку често тие удираат во планетите и месечините во нашиот Сончев Систем.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука