X
 27.04.2021 Живот

Фотограф успеал да фати месечево двојно виножито во кое удира молња

Кога помислуваме на виножитото, обично го поврзуваме со сонцето и мислиме дека е нешто што се случува во текот на денот. Но, излегува дека виножитото може да изгледа прекрасно и навечер.

Фотографот Брајан Хајслип успеал да направи фотографија од  месечево двојно виножито - ноќна верзија на виножито, што се појавило над водата во паркот Лексингтон, Мериленд. На четирите фотографии може да се забележи како молњата се меша со разнобојниот лак, а подоцна го истакнува виножитото на месечината во мирните моменти по невремето. Резултатите се исто толку неочекувани колку што се магични.

Хајслип обожава да фотографира за време на бура.

1

- Вечерта кога ја направив фотографијата, молњата се смири околу 22 часот, па се спакував и отидов да ги средам фотографиите дома - вели Хајслип.

Околу полноќ слушнал посилни грмотевици и иако бил истоштен, веднаш заминал да фотографира.

2

- Бурата заврши, но не создаде многу молњи, па затоа одлучив да се спакувам и да си одам. Додека се подготвував за заминување, ја забележав белата формација и воопшто не знаев за што станува збор. Одеднаш, се појави месечево двојно виножито. Воопшто не бев подготвен за вакво нешто - вели тој.

Кога сфатил за што станува збор, почнал да фотографира.

3

- За кратко време успеав да направам неверојатни фотографии - вели Хајслип.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Brian Haislip
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот