X
 17.10.2024 Наука

Стресот ги зголемува шансите да ви побели косата пред да наполните 30 години

Истражување на Универзитетот „Крал Сауд“ во Саудиска Арабија покажа дека стресот ги зголемува шансите за појава на седа коса пред 30-тата година од животот.

Анксиозноста и депресијата ги нарушуваат фоликулите повеќе од другите фактори, на пример, пушењето и нездравата исхрана.

Според истражувањата и бројките, половина од луѓето стануваат седи во нивните 50-ти години, додека некои бели влакна почнуваат да се појавуваат години и децении порано.

Точните причини за седата коса не се познати, но јасно е дека хормонот на стрес кортизол и лековите за ментално здравје можат да предизвикаат воспаление на скалпот.

Тим од Универзитетот „Крал Сауд“ во Саудиска Арабија ги спореди стапките на седа коса кај 1.193 луѓе на возраст од 18 до 29 години.

Половина од луѓето во нивните 20-ти пронашле барем едно бело влакно во косата. Секој осми човек мисли дека има повеќе од 100 бели влакна. Истражувањето покажало дека анксиозноста ги зголемува шансите за седа коса за 2,24 пати, додека депресијата за 2,56 пати. Но, важен фактор во сето ова е генетиката.

Пушењето двојно го зголемува ризикот за седа коса, додека правилната исхрана го намалува за 32 отсто.

Турки Албинхар, автор на истражувањето, вели дека промените во животниот стил, како што се откажувањето од цигари, балансираната исхрана и правилното менаџирање со стресот, можат да помогнат да се намали ризикот од седа коса.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука