X
 24.02.2019 Технологија

„Тиндер“ за стока

Апликација инспирирана од „Тиндер“ им помага на фармерите да си најдат потенцијални партнери за нивната стока.

Апликацијата се вика „Тадер“ (Tudder) и им дава можност на фармерите да ги најдат вистинските партнери за нивните животни. Потоа тие се пренасочуваат на страница наречена „SellMyLivestock“, каде што можат да разгледуваат фотографии и податоци за животните пред да одлучат дали да го одврзат ќесето.

Таму има вредни податоци, на пр., колку млеко дава животното или дали може да има потомци, објаснува Даг Бејнер, извршен директор на „Хектар Агритек“, која раководи со страницата и со платформата „Грејдекс“.

- Спојувањето на стоката на интернет е уште полесно од спојувањето на луѓе бидејќи има многу податоци за овие прекрасни животни кои предвидуваат какво ќе биде нивното потомство - додава тој.

Креаторите на апликацијата веруваат дека таа е првата апликација за спојување на стоката.

Како и со онаа за луѓето, фармерите користат паметни телефони да изберат дали бараат машко или женско, гледајќи ги фотографиите додека не најдат партнер/ка.

Сето ова ги поврзува фармерите, а и го намалува стресот за животните кои веќе не мора да бидат носени некаде за да бидат видени.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија